Достапни линкови

logo-print

Компензација за земјоделците во ЕУ за штетите поради бактеријата


Големите производители на овошје и зеленчук Шпанија, Италија и Франција на вчерашниот кризен состанок на ЕУ во Луксембург побараа надомест за своите земјоделци, лути поради огромните загуби што ги трпат откако во Германија изби заразата со бактеријата Ешерихија коли. Министрите за земјоделие го отфрлија предлогот на еврокомесарот Дациан Циолос за 150 милиони евра компензација, истакнувајќи дека земјоделците губат по 417 милиони евра неделно. Циолос потоа нудеше поголеми суми за компензација, а конечниот износ треба да биде познат деновиве, а парите би биле исплатени во текот на овој месец.
XS
SM
MD
LG