Достапни линкови

logo-print

Далас Маверикс изедначи на 2:2 во НБА финалето


Кошаркарите на Далас Маверикс во четвртиот натпревар од финалето на НБА лигата рано изутрината по европско време го совладаа Мајами Хит со 86:83, со што го изедначија резултатот во победи на 2:2. Најефикасен кај победникот беше Дирк Новицки кој постигна 21 поен иако беше болен од грип. Наредниот натпревар од финалето се игра утревечер, а шампион е онаа екипа која прва ќе постигне 4 победи.
XS
SM
MD
LG