Достапни линкови

Времето и натаму нестабилно


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално ќе има услови за интензивен пороен дожд со појава на град и засилен ветер. Утринската темпратура се движи од 11 до 18, а дневната ќе биде од 23 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време, со утринска температура до 16 и дневна до 30 степени.
Вакво време ќе се задржи до утре, кога во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Ќе има услови за појава на локално невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и град. В петок се очекува позначителна промена на времето. Ќе има постепен пад на температурата со локален дожд и поретка појава на грмежи.
XS
SM
MD
LG