Достапни линкови

Средба Обама-Меркел во Белата куќа


Барак Обама и Ангела Меркел

Барак Обама и Ангела Меркел

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека Соединетите Држави и Германија се согласија дека економската криза во Европа не може да ја доведе глобалната економија во ризик. За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, двајцата лидери изјавиле дека ќе продолжат да се консултираат за кризите во кои се заглавени некои земји во Европа, вклучувајќи ја и Грција. Обама ја отфрли загриженоста во врска со втора рецесија во САД, и покрај лошите сигнали за американскиот економски раст. Обама и Ангела Меркел разговарале и за мисијата на НАТО во Либија, а зборувале и за Иран. Вечерва Меркел од Обама треба да ја добие највисоката американска цивилна награда, претседателски медал на слободата.
XS
SM
MD
LG