Достапни линкови

„Документ 103“ на Тина Иванова


„Документ 103“ е насловена книгата на Тина Иванова во која новинарката низ разговори и документи говори за настанокот и првите две децении од делувањето на култното скопско радио Канал 103.

На повеќе од 200 страници со 20-тина фотографии главно од приватните архиви на соработниците сместена е сторијата за првите две декади од постоењето на култното музичко радио Канал 103 што како свој публицистички труд го потпишува новинарката и музиколог Тина Иванова. Се работи за книга која се обидува да исполни една голема
За мене и се надевам за многу луѓе од мојата генерација и од генерациите пред мене и после мене, „103-ка“ е многу важна, како радио, како феномен кој ни ги одредени вкусовите, кој не едуцираше особено на музички план.

празнина од овој тип творештво во земјава и труд со кој практично се иницира пообмислено бавење со прибирање на документите за медиумот што стана вистински општествено-културолошки феномен во годините на транзицијата во Македонија и нешто потоа.

„За мене и се надевам за многу луѓе од мојата генерација и од генерациите пред мене и после мене, „103-ка“ е многу важна, како радио, како феномен кој ни ги одредени вкусовите, кој не едуцираше особено на музички план. Кога слушнав дека се одбележуваат 20 години си реков ајде да направам нешто, некаков придонес како музичка архива бидејќи „103-ка“ нема никаква архива музичка или пишана“, вели Иванова.

Публицистката дополнува дека таа всушност прибирајќи ги приказните на луѓето кои се директни актери во создавањето и работата на СТОТРОЈКА сакала и самата да раскаже една своја
Најлогично беше да се сретнам со луѓето и да ми ги раскажуваат своите приказни и јас потоа да ги обработам во една голема приказна. Во книгата се обидов да ги забележам најважните моменти според мене, но поголем сегмент е посветен на почетоците бидјеќи нема ништо за тој период кога се создаваше „103-ка“ за почетоците, за атмосферата
во радиото.

самосвојна приказна.

„Најлогично беше да се сретнам со луѓето и да ми ги раскажуваат своите приказни и јас потоа да ги обработам во една голема приказна. Во книгата се обидов да ги забележам најважните моменти според мене, но поголем сегмент е посветен на почетоците бидјеќи нема ништо за тој период кога се создаваше „103-ка“ за почетоците, за атмосферата во радиото...“

Рецензенти на оваа публикација се писателот Милован Стефановски и отец Методиј, Митрополит Американско - Канадски, дизајнот е на Јана Ацевска, а Иванова дополнува дека охрабрена од ваквиот ангажман во иднина би сакала да продолжи во иста насока и да се бави со историјата и претставниците на современата македонска музичка сцена.

„Ако ја земеме историјата од независна Македонија, незнам зошто не се направија ниту документарни филмови, ниту книги за еден „Архангел“ на пример, па за „Мизар“ за „Анастасија“... Така што можеби ќе се двиажам во некоја таква насока, но се уште е рано.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG