Достапни линкови

Прекугранична соработка


Младен Протиќ, раководител на проектот

Младен Протиќ, раководител на проектот

Центарот за развој на североисточниот плански регион од Македонија, започна соработка со Ќустендилската област од Бугарија за развој на бизнис врските и користење на ИПА фондовите.

Центарот за развој на североисточниот плански регион кој опфаќа шест општини, во соработка со Ќустендилската област од Република Бугарија започна заедничка реализација на едногодишниот проект за развој на бизнис заедницата и користење средства од втората компонента на ИПА програмата, соопштува Младен Протиќ раководител на Центарот.

Во вкупно 36 проекти за прекугранична соработка вклучени се институции и невладини организации, а вредноста е стотина илјади
Проектот во основа има за цел да ги зајакне, односно да ги возобнови оние бизнис патишта кои ги имаше пред воведување визи од Република Бугарија пред нејзиното влегување во ЕУ.

евра. Центарот за североисточниот плански регион со седиште во Куманово ќе раководи со проектот, кој пак според Протиќ е почеток и успех во областа на европските проекти.

„Проектот во основа има за цел да ги зајакне, односно да ги возобнови оние бизнис патишта кои ги имаше пред воведување визи од Република Бугарија пред нејзиното влегување во ЕУ. Меѓу другите активности ќе има две посети на 50 бизнисмени на таа област и обратно две посети на нивни бизнисмени на нашиот регион“, вели Протиќ.

За тоа ќе се направат стратешки и акционен план за идниот развој.
Ќе даде насоки како да се развиваат бизнисите и да се зацврсне соработката која веќе постои.

„Друго, ќе направиме за самиот Центар за Ќустендилската област да се направи конференциска врска, како посовремено средство за што ќе има обуки. Се надевам дека во иднина сите од општините, невладините организации и бизнис заедниците ќе прават видеоконференциски врски и состаноци и со други земји од области интересни за нашето стопанство.“

Проектот е буџетиран, но со планот и соработките за една година.

„Ќе даде насоки како да се развиваат бизнисите и да се зацврсне соработката која веќе постои“, вели Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на североисточниот плански регион.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG