Достапни линкови

Хаг и Клинтот-нама да се толерираат закани по територијата на БиХ


Вилијам Хаг и Хилари Клинтон

Вилијам Хаг и Хилари Клинтон

Министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хаг и американската државна секретарка Хилари Клинтон им порачаа на политичките лидери во БиХ и во соседството, дека нема да толерират закани кон територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, соопштуваат од МНР во Лондон. Велика Британија и САД се категорични во определбата дека БиХ мора да остане како држава од два ентитета и три конституитивни народи, врз основите што се изградени и поставени во спогодбата од Дејтон. Хејг и Клинтон оценуваат дека за разлика од приликите во другите делови од регионот, ситуацијата во БиХ продолжува да се влошува, што не е добро ниту за земјата, ниту за целиот Западен Балкан, каде секоја дестабилизација во една земја има ефект врз во сите другите.
XS
SM
MD
LG