Достапни линкови

Белорусија-повторно зголемување на цените на бензинот


Белорусија уште еднаш ја зголеми цената на бензинот за 30 проценти во обидите да се бори со економската криза. Ова е трето зголемување на цените во последните два месеци, кога изнесуваше околу еден долар за литар.Цената на горивата на бензинските пумпи е за двојно поскапа ,отколку што изнесуваше во март. Белорусија која се соочува со економска криза, веќе зема кредит од 3 милијарди долари од рускиот фонд за спас , а е во преговори и со Меѓународниот монетарен фонд за заем од 8 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG