Достапни линкови

Демонстрации против полициската бруталност


Од протестите против полициска бруталност во Скопје

Од протестите против полициска бруталност во Скопје

Повеќе од стотина млади луѓе започнаа протести барајќи одговор за мистериозната смрт на 23 годишното момче Во мегувреме МВР соопшти дека се расветлени се сите околности за убиството на момчето чие тело беше пронајдено на плоштадот Македонија вечерта по изборите. Полицијата случајот го води како убиство. Од таму велат дека сторител е припадник на МВР, кој веќе е приведен. И идентитетот на момчето е утврден. Сторителот сам се пријавил.

Стотина млади луѓе, организирани главно преку социјалните мрежи протестираа против полициската бруталност во Скопје. Поводот за протетстот беше мистериозната смрт на 23 годишно момче кое во неделата вечерта почина на плоштад за време на одржувањето на „Баскер Фест“ и изборната прослава. Според очевидецот со кој разговаравме вели дека не знае од кој страна дошло до инцидентот, но претпоставува дека „тепачот“ е припадник на полициските служби.


„Одеднаш гледам, помеѓу два штанда еден висок, крупен, млад дечко, мава бокс, нога во глава, му ја дигна главата и од клупа го мавна и одеднаш детево се испружи... го стави на клупата, но не даваше знаци на живот. Дојдоа му се придружија од локалното обезбедување на „Баскерфест“ и полицајци и го однесоа кај паркингот на Мепсо.“

Според кажувањето на сведокот, момчето по ќотекот не дало знаци на живот.

„Да ни објасните што се случи вчера кај градскиот плоштад. Имаме информација дека е убиен 23-годишниот Даниел, претепан до смрт.“

„Решивме да останеме тука и да не помрднеме додека не дознаеме какви консеквенци ќе поднесат сторителите на ова дело.“
Да ни објасните што се случи вчера кај градскиот плоштад. Имаме информација дека е убиен 23 годишниот Даниел, претепан
до смрт.

„Многу не потресе, така што јас излегов, еве со моето четиригодишно дете.“

„Згрозен сум.“

Демонстрантите синоќа пред полициската станица „Беко“ бараа одговор од полицијата за смртта на момчето за кое тие сметаат дека одговорни се припадници на полициската единица „Алфа.“

Во јавноста се појавија неколку контроверзии за случајот. Дел од очевидците велат дека случајот вчера го пријавиле во полиција. Во полиција велат дека се уште работат на откривање на идентитетот на момчето и дека се уште не ја знаат причината за ненадејната смрт на 23 годишното момче. Од Основниот суд 1 од каде излегол на терен истражниот судија велат дека немаат никакви информации. Според првичните информации, на телото на момчето немало траги на насилство, а телото е предадено на обдукција.
Решивме да останеме тука и да не помрднеме додека не дознаеме какви консеквенци ќе поднесат сторителите
на ова дело.

Демонстрантите бараат распуштање на едниницата „Алфи“ поради како што велат употребата на полицијата на прекумерна сила.

„Значи ова едноставно се случува за време на секој режим. Јас тогаш бев нападнат од НТШ тогашно, а еве дечково загина од раката на „Алфите.“

Демонстраните најавија дека ќе протестираат се додека не добијат одговор за смртта на момчето.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG