Достапни линкови

Полска ќе притиска на проширување на ЕУ


Радослав Сикорски

Радослав Сикорски

Неколку недели пред да го преземе претседателството на Советот на Европската унија, Полска вети дека ќе ја искористи можноста за продолжување на разговорите за натамошно проширување на Унијата, за поблиско партнерство со Русија и за промоција на демократијата на Блискиот Исток и Северна Африка. Ова го вели шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски во интервју за Радио Слободна Европа.

Претседателството на Советот на Европската унија кое се менува на шест месеци и дава на земјата претседавач можност да постави агенда која ќе важи и за целата Европска унија во тој период.

Полска на први јули го презема претседателството од Унгарија со искрена намера да го искористи за продлабочување на врските меѓу Европската унија и нејзините соседи, вели шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски во интервју со новинарот на Радио Слободна Европа, Кристијан Керил, изразувајќи надеж дека за време на полското претседателство Хрватска ќе ги заврши преговорите за влез во Унијата.

Mинистрите за надоврешни работи на Македонија и на Полска, Антонио Милошоски и Радослав Шикорски на средба во Скопје

„Се надеваме дека ќе потпишеме договор за пристапување на Хрватска. Работата на Балканот се уште не е завршена. Што се однесува до натамошните проширувања, мислам дека земјите имаат уште многу работа, па кога расположението во Европа ќе се смени во корист на проширувањето тогаш тие ќе бидат поподготвени од денес.“

Сикорски признава дека ентузијазмот на Брисел за натамошно проширување исчезна поради финансиските проблеми во Унијата.
Се надеваме дека ќе потпишеме договор за пристапување на Хрватска. Работата на Балканот се уште не е завршена. Што се однесува до натамошните проширувања, мислам дека земјите имаат уште многу работа, па кога расположението во Европа ќе се смени во корист на проширувањето тогаш тие ќе бидат поподготвени од денес.


Полска, како што наведува, има намера да се бори против тоа, така што ќе презентира свои сугестии и искуства колку Европската унија може да им помогне на земјите да ги постигнат неопходните стандарди.

Тоа, според него, ќе значи и поголеми приближување кон Русија.

„Мислиме дека европеизацијата на Русија е од интерес на Европа и ваквите видови на иницијативи ќе ја имаат поддршката на Полска за време на нејзиното претседавање.“

Сикорски додава дека главното внимание на односите со Русија ќе биде насочено кон посигурното енергетско снабдување на Европа и кон формирањето на заеднички европски одбранбен систем.

Радослав Сикорски со неговиот руски колега Сергеј Лавров

„Европа би требало да има можност да дејствува во својата непосредна близина за никогаш да не се повтори дебаклот на Балканот. Либија е аргумент за воспоставување европски оперативен штаб. Европа во изминативе години има спроведено над 20 операции, но секогаш се расправавме околу командувањето.“

Сикорски додава дека американскиот претседател Барак Обама, за време на неодамнешната посета на Полска, потврдил дека јасен интерес на Соединетите држави е да ја види Европа со поголема одговорност за нејзината сопствена одбрана.

Во врска со транзицијата на земјите на Блискиот Исток кон демократија Сикорски вели дека Полска ќе лобира европските партнери да учествуваат во креирањето европски пример на демократија базиран врз американскиот модел.

„Тој модел беше добар кога ние се боревме против комунизмот“, изјави шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски во интервју за Радио Слободна Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG