Достапни линкови

Кина и Русија во контакт со либијските бунтовници


Кина и Русија ги зачестуваат контактите со либијските бунтовници кои се борат да го соборат од власт режимот на Моамер Гадафи. Кина соопшти дека нејзини дипломати го посетиле градот Бенгази, главно упориште на бунтовниците, каде што разговарале со претставниците на Националниот транзициски совет. Во меѓувреме и Михаил Маргелов, специјалниот пратеник на рускиот претседател Дмитриј Медведев, ќе допатува денеска во Бенгази. Кина и Русија се двете земји кои не ја подржуваат НАТО интервенцијата во Либија.
XS
SM
MD
LG