Достапни линкови

ЕУ ги поздрави изборите во Македонија


Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон и комесарот за проширување Штефан Филе ги поздравија изборите во Македонија. Според нивното заедничко соопштение изборите биле транспарентни и добро организирани. Ештон и Филе им честитаа на граѓаните, политичките партии и на надлежните органи за нивниот придонес во изборниот процес.
Тие ја повикаа новата влада да ги преземе потребните реформи за да продолжи со напредокот на земјата кон Унијата, а опозицијата да придонесе на конструктивен начин во процесот на реформите.
XS
SM
MD
LG