Достапни линкови

Франција-Сирискиот претседател Асад ја загуби легитимноста


Сирискиот претседател Башар ал Асад

Сирискиот претседател Башар ал Асад

Францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја загубил својата легитимност како предводник на државата, поради крвавата реакција на војската врз опозиционите демонстранти.
Претходно сириските медиуми објавија дека повеќе од 120 членови на безбедносните сили се судриле со анти-владините демонстранти.
Говорејќи во Вашингтон, Жупе изјави дека Франција е подготвена да побара од Советот за безбедност на ОН да гласа за резолуција со која ќе биде осуден режимот на Асад за убиството и тортурата на демонстрантите.
XS
SM
MD
LG