Достапни линкови

ЕУ ќе расправа за ширењето на смртонсната бактерија


Министрите за земјоделство на земјите членки на Европската унија денеска во Луксембург ќе одржат итен состанок на кој ќе разговараат за влијанието на зеленчукот врз појавата на смртоносната бактерија во Европа.
Се претпоставува дека земјоделците во Шпанија претрпеле загуби од стотици милиони евра, откако беше објавено дека причинител на бактеријата се краставици од земјата.
Германските здравствени власти сега велат дека можеби причинител е грав кој расте во земјата.
Според последните податоци на Европскиот центар за превенција и контрола, од инфекцијата од ешерихија коли досега починале 22 луѓе , а 2000 се инфицирани.
XS
SM
MD
LG