Достапни линкови

Хашкиот обвинител Брамерц по Младиќ, го очекува и Хаџиќ


Ратко Младиќ во судот во Хаг

Ратко Младиќ во судот во Хаг

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц во говорот пред Советот за безбедност на ОН им се заблагодари на властите во Србија за апсењето на хашкиот бегалец Ратко Младиќ, и нагласи дека очекува да биде уапсен и последниот бегалец Горан Хаџиќ. Апсењето на Младиќ е еден од најзначајните случувања за Трибуналот, за меѓународната правда и за жртвите. Брамерц очекува од властите во Белград да истржат како е возможно Младиќ да се криел 16 години и да ги казнат оние кои му помогнале во тоа.
XS
SM
MD
LG