Достапни линкови

Индија ќе купува 10 воени транспортни авиони од американски Боинг


Индиската влада денеска го одобрила купувањето на 10 воени транспортни авиони од американскиот авио- производител Боинг. Договорот вреден 4,1 милијарди долари е највреден договор на Индија со некоја американска фирма. САД треба да испорача на Индија авиони со кои ќе се подобри способноста на индиските воздухопловни сили . Конечниот договор се очекува да биде потпишан кога Индија ќе испрати писмо до американската влада дека го одобриле договорот.
XS
SM
MD
LG