Достапни линкови

Приведен Љубе Бошковски, за нелегално финансирање на изборна кампања


Љубе Бошковски

Љубе Бошковски

Приведен е лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски, потврдија од МВР. Се сомничи дека сторил кривично дело нелегално финансирање на изборна кампања и злоупотреба на службена положба и овластување како одговорно лице во неговата партија. При извршениот претрес, информира портпаролот на МВР Иво Котевски, кај Бошкоски биле пронајдени 100 илјади евра, пари кои му биле предадени во хартиени кеси и за кои постојат сомненија дека требало да му послужат за исплаќање на долговите од кампањата, односно за незаконско финансирање на кампањата. Освен овој случај МВР досега има документирано уште два други случајаво кои осомничениот на ист незаконски начин зел пари 20 и 10 илјади евра кои беа употребени во кампањата. По завршување на службениот разговор во полициската станица Гази Баба и целосно документирање на кривичните дела, против Бошкоски ќе биде поднесена соодветна кривична пријава и тој ќе биде изведен пред истражен судија.
XS
SM
MD
LG