Достапни линкови

Европратеници- Македонија да се посвети на евроинтеграциите


Европратениците по завршувањето на изборите бараат власта и опозицијата да се посветат на европската иднина. За радио Дојче веле пратеничата Дорис Пак изјави дека се надева оти дијaлогот повторно ќе биде воспоставен. Тоа според неа е важно бидејќи расправиите за време на изборите не покажале најдобрата слика. Европратеничката Тања Фијон вели дека изборите ќе останат запаметени како демократски, таа очекува Македoнија да оди чекор напред колку што може побрзо, bидејќи очекувањата се дека извештајот на Европската комисија во октомври ќе биде критичен. Македонија треба колку што е можно побрзо да продолжи на патот кон Европската унија, да продолжи со европската агенда и со сите реформи кои се за тоа потребни, вели Фајон.
Во тој контекст словенечката европратеничка нагласува дека е потребно да се најде колку што е можно побрзо решение за името.
XS
SM
MD
LG