Достапни линкови

logo-print

ЕУ итно ќе расправа за ширењето на смртоносната бактерија во Европа


Министрите за земјоделство на земјите членки на Европската унија, утре во Луксембург ќе одржат итен состанок на кој ќе разговараат за влијанието на зеленчукот врз појавата на смртоносната бактерија во Европа.
Иако нема официјални податоци, се претпоставува дека земјоделците во
Шпанија претрпеле загуби од стотици милиони евра, откако првично беше објавено дека причинител на бактеријата се краставици од Шпанија.
Германските здравствени власти сега велат дека можеби причинител е грав кој расте во Германија. Според последните податоци на Европскиот центар за превенција и контрола, од инфекцијата од ешерихија коли досега починале 22 луѓе , а 2000 се инфицирани.
XS
SM
MD
LG