Достапни линкови

Петтмина американски војници загинале во Ирак


Американскиот вице премиер Џо Бајден и американски војници во Ирак

Американскиот вице премиер Џо Бајден и американски војници во Ирак

Најмалку петтмина американски војници се убиени денеска во централен Ирак, соопштуваат воените власти. Во краткото соопштение не се наведуваат други детали, освен дека загинале кога ракета ја погодила воената база во Багдад. Од 2003-та кога започна американската инвазија на Ирак, до сега таму загинале 4.459 американски војници. Американските власти ја завршија мисијата во Ирак, лани во август, но оставија 45 илјади војници да им помагаат на ирачките сили.
XS
SM
MD
LG