Достапни линкови

ДИК ги објави целосните резултати од изборите 2011


Според добиените резултати од сите 2.976 избирачки места, што ги објави денеска Државната избирна комисија, владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. добила 437.665 гласови или 39 отсто, а опозициската коалиција предводена од СДСМ 367.876 гласови или 32,78 отсто.
ДУИ освоила 114.870 гласови (10,24%), ДПА 66.055 (5,89%), НДП 29.981 (2,67), ВМРО-НП 28.125 (2,51%), Нова Демократија 19.732 (1,76%), Обединети за Македонија 17.015 (1,52%), ЛДП 16.556 (1,48%), Достоинство 8.847 (0,79), ПОДЕМ 4.417 (0,39%), СДУ 2.268 (0,20%), НДУ 453 (0,04%), СДПМ 1.803 (0,16%), Демократска десница 1.515 (0,14%), Европска партија на Македонија 130 (0,01%), ПДП 275 (0,02%).
Одѕивот изнесува 63,39 отсто. На гласање вчера излегле 1.154.371 граѓани, а бројот на важечки ливчиња е 1.122.420.
XS
SM
MD
LG