Достапни линкови

Израелските сили на Голан во состојба на готовност


Syria -- Pro Palestinians protesters run from tear gas fired by Israeli troops along the border between Israel and Syria near the village of Majdal Shams in the Golan Heights, 05Jun2011

Syria -- Pro Palestinians protesters run from tear gas fired by Israeli troops along the border between Israel and Syria near the village of Majdal Shams in the Golan Heights, 05Jun2011

Израелската армија е во состојба на готовност ден по судирите со палестинските и сириските демонстранти по должината на границата меѓу Сирија и Израел на окупираната Голанската Висорамнина. Сирија тврди дека 23 лица биле убиени кога израелските војници отвориле оган врз стотици невооружени Палестинци и сиријци кои марширале кон оградата на границата.Според Израел пак, демонстрантите се обиделе да ја урнат оградата на границата. Израелската армија, исто така, го оспорува бројот на жртвите, соопштувајки дека станува збор за 10 лица, без да посочи дали тие се загинати или се повредени. Израелската армија вели дека сите жртви настрадале од нагазни мини што експлодирале кога демонстрантите фрлале молотови коктели.
Израел го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека стои зад овие протести за да го пренасочи вниманието на меѓународната јавност од крвавото задушување на бунтот против авторитарната власт на Башар ал Асад. Вчерашниот протест ја одбележа 44-годишнината од почетокот на Блискоисточната војна, кога Израел го окупираше Голан, Западниот Брег и појасоот Газа.
XS
SM
MD
LG