Достапни линкови

logo-print

Економската криза причина за поразот на Социјалистите во Португалија


Педро Пасос Куељо

Педро Пасос Куељо

Португалските гласачи ја казнија социјалистичката влада поради економската криза во земјата. На вчерашните избори централно десничарите од Социјал демократска партија добија 39, а социјалистите 28 насто од гласовите.
Нов Премиер се очекува да биде Педро Коељо, додека досегашниот Премиер Хозе Сократес си поднесе оставка и на лидерската позиција на Социјалистичката партија.
Новата влада ќе се соочи со тешка задача за штедење поврзана со пакетот помош на ММФ и ЕУ вреден 78 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG