Достапни линкови

logo-print

Во Грција продолжија протестите на „Незадоволните“


Мајски демонстрации во Грција

Мајски демонстрации во Грција

Во Атина, Солун и другите грчки градови продолжуваат протестите на граѓанското движење „Незадоволни“ против владините мерки за штедење, соопштуваат грчките медиуми.
Илјадници незадоволни луѓе, дојдени од сите краеви на земјата, цела ноќ останаа на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, во центарот на Атина, скандирајќи ја паролата „Нема лидери, ние сите сме заедно“.
Медиумите овие мирни протести ги оценуваат како најголемите во последните години.
Настаните се инспирирани од движењето на „незадоволните“ во Европа, по чија иницијатива вчера се оддржа втората општоевропска средба на протестот.
XS
SM
MD
LG