Достапни линкови

20 убиени во Голанската висорамнина


Архивска фотографија од 15 мај 2011. Сириски демонстранти влегуваат во Голанската Висорамнина

Архивска фотографија од 15 мај 2011. Сириски демонстранти влегуваат во Голанската Висорамнина

Израелските сили убиле 20 демонстранти, во обид да ги спречат да навлезат во Голанската Висорамнина, територија под контрола на Израел, но се наоѓа во соседна Сирија, соопшти сириската државна телевизија. Во немирите биле повредени околу 300 луѓе.

Портпаролката на израелската армија, Авитал Лејбовиц, за Ројтерс изјави дека израелската армија немала друг избор, освен да отвори оган кон демонстрантите. Таа изјави дека демонстрантите биле предупредени, но сепак една група се обидела да ја премине границата, по што израелските сили почнале да пукаат за да го спречат обидот за преминување. Израел ја обвини Сирија дека го користи настанот за да го одврати вниманието од она што се случува во земјата.

Стејт департментот ги повика сите страни да бидат воздржани, но притоа нагласува дека Израел, како и секоја суверена држава, има право да се брани.
XS
SM
MD
LG