Достапни линкови

logo-print

ДИК-преброени речиси 50 проценти од гласовите


Од обработените податоци од гласањето во 1.460 избирачки места, односно 48,47 проценти од вкупниот број избирачки места, според првичните неофицијални информации на Државната изборна комисија, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 156.805 гласови, зад неа е СДСМ со 125.188 гласа, ДУИ има 40.461, ДПА 18.423, Национална демократска преродба 10.302, ВМРО-НП 9.947, Обединети за Македонија 5.904 гласови, Нова демократија 6.434, ЛДП 4.942.
На видео-бимот поставен во Прес-центарот на ДИК во Клубот на пратениците и на веб-страницата на Комисијата постојано се ажурираат податоците во согласност со резултатите што пристигнуваат од избирачките места.
XS
SM
MD
LG