Достапни линкови

Првични резултати од интернет сајтот на ДИК


Борис Кондарко, претседател на ДИК
Борис Кондарко, претседател на ДИК
Според податоците што Државната изборна комисија ги објавува на нејзината интернет страница, по обработените 993 избирачки места, односно 32,97 проценти од вкупниот број избирачки места, на предвремените парламентарни избори води коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 86.467 гласови, а зад неа е СДСМ со 67.831 гласа. ДУИ има 20.374, ДПА 9.109, Национална демократска преродба 5.798, ВМРО-НП 5.042, Обединети за Македонија 3.184 гласови, Нова демократија 3.280...
Се уште нема најава кога ќе се одржи првата прес-конференција на ДИК по затворањето на избирачките места во 19 часот, кога се очекува претседателот Борис Кондарко да ги соопшти првичните информации за излезноста на граѓаните и првичните неофицијални резултати од податоците што ги добива Комисијата.
XS
SM
MD
LG