Достапни линкови

logo-print

ДИК: Одзивот до 17 часот 53,86 отсто


Предвремени парламентрани избори 2011

Предвремени парламентрани избори 2011

Одѕивот на гласачите на денешните парламентарни избори до 17 часот е 53,86 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко. Највисок одѕив има во третата изборна единица , над 61 процент, а најмал во шестата. Кондарко на прес-конференцијата оцени дека ова е доста висок процент на излезност на граѓаните и оти очекува трендот да продолжи во последниот час од гласањето.
Претседателот на ДИК изјави дека гласањето се одвива мирно, коректно и оти граѓаните слободно излегуваат на гласање и оти се надева дека тоа ќе биде така до 19 часот кога избирачките места се затвораат. Рече дека во текот на денот ДИК нема добиено посериозни информации за нарушување на изборниот процес и оти секоја таква информација се проверува.
XS
SM
MD
LG