Достапни линкови

Гејтс-повлекувањето од Авганистан ќе биде постепено и одговорно


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави денеска дека повлекување на борбените сили од Авганистан ќе се прави постепено и одговорно. Гејтс изјавата ја даде за време на посетата на воена база во јужната провинција Хелманд. Тој изјави дека американската администрација се обидува да воспостави рамнотежа во одлучувањето колку војници да се повлечат. Претседателот Барак Обама следниот месец треба да ја објави својата одлука за повлекување на војниците.
XS
SM
MD
LG