Достапни линкови

Сирија-повеќе од 25 жртви во последните 24 часа


Најмалку 25 луѓе загинале во последните 24 часа за време на операциите на безбедносните сили во северна Сирија. Според организациите за човекови права, 16 од жртвите се цивили а останатите припадници на безбедносните сили. Владините сили започнаа операција вчера, која продолжува и денеска.
Државната новинска агенција САНА изјави дека четворица полицајци биле убиени, а повеќе од 20 ранети кога вооружени терористички групи нападнале владини згради и полициски станици.
XS
SM
MD
LG