Достапни линкови

Израелските сили убиле шест про-палестински демонстранти


Израелските безбедносни сили убиле најмалку шест демонстранти за време на судирите на Голанската висорамнина , јави сириската државна телевизија. Безбедносните сили потврдија дека отвориле оган врз група про-палестински демонстранти во близина на границата, но не потврдуваат за жртвите. Сирија ја смета Голанската висорамнина за своја територија. Израел ја присвои територијата за време на војната во 1967 , кога ги зазедоа и Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа.
XS
SM
MD
LG