Достапни линкови

Хаг-Никој не знае колку би можело да трае мисијата во Либија


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг изјави денеска дека не е одреден датумот кога ќе заврши меѓународната воена мисија во Либија. Тој ден по посета на Бенгази, изјави дека никој не знае колку би можело да трае мисијата. Хаг во Либија се сретна со лидерите на опозицијата. Без интервенцијата на коалицијата, која започна на 19-ти март, Гадафи ќе ја преземеше контролата над Либија и ќе направеше злосторства, што ќе предизвикаше хуманитарна криза и дестабилизација и на Тунис и на Египет, а тоа ќе се одразеше на Европа, изјави Хаг. И денеска во воената операција се користат воени хеликоптери. Британскиот министер ја офрли можност за копнена мисија во Либија.
XS
SM
MD
LG