Достапни линкови

Голема излезност, мали инциденти


Илустрација. Откриени случаи кога избирачите со мобилен телефон сликале за кого гласале.

Илустрација. Откриени случаи кога избирачите со мобилен телефон сликале за кого гласале.

На гласање, до 13 часот излегле 612 илјади луѓе или речиси 36 отсто од регистрираните избирачи. Забележани се помали нарушувања на изборниот процес.

Голема излезност до 13 часот и забележани помали нарушувања на изборниот процес, информира претседателот на ДИК, Борис Кондарко. Тој вели дека гласањето главно се одвива мирно.

„Имаме одредени информации кои беа потврдени и објавени и од страна на невладината организација МОСТ, за одредени нарушувања во текот на гласањето. Најкарактеристично во врска со тоа беше
Најкарактеристично во врска со тоа беше откривањето на неколку лица во неколку општини, кои ги употребиле своите мобилни телефони да ги сликаат гласачките ливчиња, меѓутоа потенцирам дека сите овие случаи се веднаш откриени.

откривањето на неколку лица во неколку општини, кои ги употребиле своите мобилни телефони да ги сликаат гласачките ливчиња, меѓутоа потенцирам дека сите овие случаи се веднаш откриени од страна на членовите на избирачките одбори. Сето тоа е евидентирано во записниците, пријавено е во полиција и против ваквите лица ќе следат строги санкции во една законска процедура“, вели Кондарко.

ДИК соопштува дека до 13 часот, од 94 отсто од избирачките места од кои имаат податоци, на гласање излегле речсиси 36 отсто од граѓаните, односно гласале повеќе од 612 илјади граѓани. Најголем одзив до 13 часот има во 3 Изборна иденица – 39,1 отсто, а најмал во 6 Изборна единица, односно 27,6 отсто, но сепак и во оваа изборна единица се забележува поголема излезност во споредба со излезноста до 10 часот, вели Кондарко.

Прес-конференција на ДИК

На нарушување на изборниот процес посочуваат невладините организации што ги набљудуваат изборите. Граѓанската асоцијалција МОСТ, што ги следи изборите со 3.700 набљудувачи, забележала низа неправилности: семејно гласање, фотографирање на гласачките ливчиња со мобилен телефон, во едно избирачко место се изнесени 3 гласачки ливчиња, а во една општина на глас се читале имињата на гласачите додека еден партиски набљудувач ги запишувале. Забележано е делење на пропаганден материјал, информира директорот на МОСТ, Дарко Алексов.
Набљудувач на политичка партија стоел позади параванот, при што гласачите покажувале за кого гласале. Ова појава не била адресирана од избирачкиот одбор, но по реакција на набљудувачот од другата партија истата појава прекинала.

„Гласачко место 1583 во општина Радовиш: Набљудувач на политичка партија стоел позади параванот, при што гласачите покажувале за кого гласале. Ова појава не била адресирана од избирачкиот одбор, но по реакција на набљудувачот од другата партија истата појава прекинала. Гласачко место 0406 во општина Гостивар: Забележани 9 случаи на семејно гласање со употребени 19 гласачки ливчиња. Избирачкиот одбор не презема никакви мерки“, вели Алексов.

Канцеларијата на Народниот правобранител од почетокот на изборниот ден досега примила 20-тина јавувања со поплаки од граѓани од целата земја, информира портпаролката на Народниот правобранител, Уранија Пировска.

Предвремени парламентрани избори 2011

„Имаме пријави за заплашувања. Имаме пријави од граѓани од Битола, кои во текот на вчерашниот ден добиле предупредување да не одат на гласање, односно да не гласаат за одреден политички субјект. Исто така имаме примено три пораки од граѓани, кои за жал се анонимни, во кои граѓаните наведуваат дека им биле упатувани закани и биле наведувани за која политичка опција да гласаат.“

Пировска вели дека другите поплаки биле за технички проблеми, односно се јавувале граѓани кои не можеле да си го најдат гласачкото
Имаме пријави за заплашувања. Имаме пријави од граѓани од Битола, кои во текот на вчерашниот ден добиле предупредување да не одат на гласање, односно да не гласаат за одреден политички субјект.

место. Ние контактираме со ДИК и ги упатуваме каде да гласаат, вели таа.

„Исто така беа пријавени попречувања на правото на глас во одредени изборни единици, каде што поради самоволие на претседателот на избирачката единица, граѓанин бил спречен да гласа, меѓутоа веднаш се обративме до ОИК, реагиравме и граѓанинот го оствари своето право на глас“, вели Пировска.

Невладината организација Цивил исто така ги набљудува изборите. Претседателот на Цивил, Џабир Дерала вели дека помали инциденти, како агитирање преку телефонски јавувања, се забележуваат во речиси целата земја.

„Припадник на една партија во Куманово, вооружен, но во цивилна облека, во непосредна близина на едно гласачко место, барал од гласачите да гласаат за одредена партија. Вакви информации добиваме буквално од цела Македонија, на секои две до три минути. Други поголеми нарушувања на изборниот процес не се забележани.“

Набљудувачите од ОБСЕ/ОДИХР велат дека „систематски и сеопфатно го набљудуваат гласањето“, и оти по затворањето на избирачките места ќе го следат и броењето на гласовите. Најавија дека финализираните заклучоци ќе ги објават утре.

Мирна атмосфера на гласачките места во ОУ Кирил и Методиј во Скопје. Видео:

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG