Достапни линкови

Гласањето мирно без поголеми нарушувања


Надлежните информираат дека има мирен изборен ден без поголеми нарушувања на изборниот процес. До 10 часот гласале околу 14 отсто од граѓаните.

Гласањето во земјава се одвива мирно и без поголеми нарушувања. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко информира дека навреме се отворени сите 2976 гласачки места.

„Гласањето се одвива во најдобар ред. Досега во ДИК нема никакви јавувања од општинските изборни комисии или од избирачките одбори
Гласањето се одвива во најдобар ред. Досега во ДИК нема никакви јавувања од општинските изборни комисии или од избирачките одбори за било какви неправилности.
за било какви неправилности. Поради тоа, уште еднаш, во името на ДИК, повикуваме, апелираме до граѓаните денеска сите слободно да
излегуваат на гласањето, да го искористат своето гласачко право. Гласањето е тајно, тајноста е гарантирана. Не е можно, не постои никаков начин ниеден граѓанин да биде откриен како и за кого го дал својот глас, односно не смее и строго е забрането и не смее никој да биде ниту заплашуван, ниту да му се влијае на слободното определување на волјата“, вели Кондарко.


Граѓанската асоцијација Мост, што ги следи изборите со 3.700 набљудувачи, забележале дека едно гласачко место во Штип е отворено со еден час задоцнување, поради неотстранет рекламен материјал на две политички партии во непосредна близина на местото. Неправилности забележале и во повеќе општини, каде што имало расфрлен пропаганден материјал пред гласачките места, а при отворање на едно гласачко место во општина Студеничани, Избирачкиот одбор утврдил дека фали едно гласачко ливче. Случајот е пријавен во ОИК и е евидентиран од страна Избирачкиот одбор, соопштува директорот на Мост, Дарко Алексов.
Јавно читање на имињата и презимињата на гласачите, при што претставниците од политичките партии, истите ги бележат. Истото е забележано и на гласачкото место 0024 во општина Пехчево.

„Според потврдените информации дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласчките места: Гласачко место 2148 во општина Велес – јавно читање на имињата и презимињата на гласачите, при што претставниците од политичките партии, истите ги бележат. Истото е забележано и на гласачкото место 0024 во општина Пехчево“, вели Алексов.

Тој информира дека набљудувачите на МОСТ забележале и гласачи што ги сликаат гласачките ливчиња со мобилен телефон.

ДИК соопштува дека до 10 часот, од 85 отсто од избирачките места од кои имаат податоци, на гласање излегле нешто повеќе од 14 отсто од граѓаните. Најголем одзив до 10 часот има во 3 Изборна иденица - 18,61 отсто, а најмал во 6 Изборна единица, односно 7,9 отсто.


Во граѓанската социјација МОСТ велат дека одзивот е поголем во сите Изборни единици во споредба со парламентарните избори од 2008 година. Помал одзив од претходните избори има само во 6 изборна единица.

Граѓаните, што ги анкетиравме на гласачкото место во Основното училиште Рајко Жинзифов во населбата Топанско Поле во Скопје велат дека очекуваат, новата влада да овозможи повисок животен стандард.

„Па очекуваме се и сешто, на пример вработување на младите, тие сите што не се вработени, покачување на пензии, на инвалидски, на социјално. Има разно разни луѓе што се во многу голема беда. Очекуваме дека ќе има подобрување.“
Од овие избори очекувам, сите ние младите да можеме да се вработиме. Само тоа сакам, за друго немаат капацитет.

„Очекуваме идната влада да биде поефикасна – нови вработувања, повеќе работни места, а исто така има и луѓе што не се способни за работа. И на нив треба да им се овозможи достоинствено да живеат.“

„Од овие избори очекувам, сите ние младите-Албанци да можеме да се вработиме. Само тоа сакам, за друго немаат капацитет.“



МВР денеска цел ден ќе издава лични документи. Службите издаваат готови лични карти со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните за непречено остварување на нивното право на гласање, велат во МВР.

Граѓаните на Скопје денеска може да користат бесплатен превоз во автобусите на ЈСП „Скопје“ за да го остварат своето избирачко право, информира претпријатието.

Општина Центар, пак соопшти дека денеска нема да се наплаќа паркинг на паркиралиштата Дом на градежници, Трготекстил, Автомакедонија и Зелен пазар, за како што велат, „да им се овозможи на граѓаните непречен пристап до избирачките места и остварување на избирачкото право“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG