Достапни линкови

Израелските сили убиле двајца про-палестински демонстранти


Најмалку двајца демонстранти се убиени за време на судирите на Голанската висорамнина , од страна на израелските безбедносни сили, јави сириската државна телевизија. Безбедносните сили отвориле оган врз група про-палестински демонстранти во близина на границата. Сирија ја смета Голанската висорамнина за своја територија. Израел ја присвои територијата за време на војната во 1967 , кога ги зазедоа и Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа. Палестинците сега ја одбележуваат годишнината од конфликтот во јуни 1967 година.
XS
SM
MD
LG