Достапни линкови

logo-print

МВР нема да толерира никакви нарушувања на изборниот процес


Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Mинистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Министерството за внaтрешни работи очекува изборите да поминат мирно и без инциденти, и потенцира дека неселективно ќе реагира за секој инцидент и оти ќе биде казнет секој шшто ќе го наруши изборниот процес.
Од Министерството информираат дека согласно претходно изготвениот план, во шест часот утринава се распоредени полициски службеници на сите избирачки места на кои било предвидено согласно плановите да се обезбедуваат.
Најголем дел од избирачките места се покриваат со фиксно обезбедување, a одреден број се покриваат патролно согласно потребите и проценките во однос на ризикот.
По завршувањето на изборите, МВР продолжува со третата фаза, односно со обезбедување на избирачките места и пребројувањето на гласовите, како и дистрибуција на изборниот материјал до ОИК
XS
SM
MD
LG