Достапни линкови

Турција стави вето на кандидатката за претседател на ОБСЕ


Belarus -- An OSCE employee removes signage from the OSCE office in Minsk, 29Mar2011

Belarus -- An OSCE employee removes signage from the OSCE office in Minsk, 29Mar2011

Турција стави вето на кандидатурата на поранешната австриска министерка за надворешни работи Урсула Пласник за функцијата генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа . Несогласувањето на Турција со кандидатурата на Пласник е, пред се, поради нејзиното противење за членство на Анкара во ЕУ додека таа беше шеф на австриската дипломатија. Литванија, која е во улога на претседавач со ОБСЕ, на членките на организацијата им го испрати неформалниот предлог. Турција вчера стави вето на овој предлог, па речиси е исклучена можноста Литванија утре, како што е планирано, и формално да ја предложи Пласник за генерален секретар на ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG