Достапни линкови

logo-print

Предвремени парламентарни избори во Португалија


Во Португалија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Анкетите укажуваат дека опозициската десничарска Социјалдемократска партија ќе ги порази социјалистите кои се на власт. Економијата во Португалија, една од најсиромашните членки во ЕУ, е во голема криза, стапката на невработеност изнесува 12,4 проценти, а се предвидува дека во наредните 2 години бруто домашниот производ ќе падне за 4 проценти. Португалија се наоѓа и во долгови, а властите беа приморени да побараат помош. На земјата и е одобрен пакет за спасување во вредност од 78 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG