Достапни линкови

Јеменскиот претседател сепак ќе се лекува во Саудиска Арабија


Јеменски претседател Али Абдула Салех

Јеменски претседател Али Абдула Салех

Јеменски претседател Али Абдула Салех во Саудиска Арабија ќе се лекува од повредите здобиени од нападот на претседателската палата во петокот, соопшти кралскиот суд. Во аудио изјавата во петокот, Салех изјави дека претрпел помали повреди , но не се појави од тогаш во јавност.
Во меѓувреме извештаите велат дека е постигнат прекин на огнот меѓу ривалските кланови и политичката елита. По што на улиците на главниот град Сана ноќеска било мирно.
Од Белата куќа соопштија дека помошникот на претседател Барак Обама за антитероризам зборувал со заменик-претседателот на Јемен, Абд-Рабу Мансур Хади. Портпаролот на Белата куќа одби да даде дополнителни коментари за контактот помеѓу Џон Бренан и владата во Јемен.
XS
SM
MD
LG