Достапни линкови

logo-print

ОН поведе истрага за работата на мировниците во Судан


Обединетите нации ги испитуваат извештаите дека мировниците на ОН останале во своите касарни за време на неодамнешните борби меѓу силите од северниот и јужниот дел на Судан во спорната гранична област Абјеи. Портпаролот на ОН соопшти дека во спорната област се испратени највисоки воени советници за да се испитаат неодамнешните настани. Борбите и тензиите околу Абјеи продолжуваат и се закануваат дека ќе доведат до обновување на граѓанската војна и тоа само на неколку недели пред Јужен Судан и официјално да се отцепи од север на 9 јули.
XS
SM
MD
LG