Достапни линкови

Пакистан потврди дека е убиен водачот на милитантите Кашмири


Лидерот на пакистанските милитанти Иљас Кашмири

Лидерот на пакистанските милитанти Иљас Кашмири

Пакистанските власти потврдија дека во американски воздушни напади бил убиен еден од најпознатите лидери на пакистанките милитанти, Иљас Кашмири. Властите потврдија дека тој е убиен во Јужен Вазиристан. Тешко е да се докаже кој е убиен за време на воздушни напади. И во минатото се тврдеше дека е Кашмири е убиен, и тоа во напад во септември 2009-та. Кашмири е еден од петте најбарани водачи на милитантите. Се обвинува дека планирал напади врз Западни и пакистански безбедносни објекти во Пакистан.
XS
SM
MD
LG