Достапни линкови

Илјадници евакуирани, откако еруптира вулкан во Чиле


Вулкан во Индонезија

Вулкан во Индонезија

Неколку илјади жители се евакуирани, откако се активирал вулкан во Чиле, кој фрлал пепел и повеќе од 10 километри во висина, соопштуваат тамошните власти. Ерупцијата на вулканот кој се наоѓа на 920 километри јужно од главниот град Сантјаго, ги принуди властите да затворат и еден граничен премин кон Аргентина. Се уште не е јасно кој од четирите вулкани во вулканскиот венец еруптирал, поради временските услови. Синџирот од вулкани последен пат еруптирал во 1960 –та година. Синџирот од вулкани во Чиле составен од околу 2000 вулкани е втор по големина во светот, најголемиот се наоѓа во Индонезија.
XS
SM
MD
LG