Достапни линкови

Новото Собрание најдоцна до 25 јуни, а новата Влада до 10 август


Собрание

Собрание

Мандатот на пратениците го верифицира Собранието, а започнува да тече од конститутивната седница на новиот парламентарен состав. Новоизбраното Собрание треба да се состане најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите. Седицата ја свикува претходниот претседател на Собранието. Ако тоа не се случи на 21 ден пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието. Мандатарот, односно кандидат на партија или на партии кои имаат мнозинство во Собранието со освоени 61 место, треба во рок од 20 дена од доверувањето на мандатот да предложи состав на Влада. Претседателот на Собранието ја свикува седницата за избор на Влада, во рок од 15 дена откако го примил предлогот. Според роковите, новото Собрание треба да се конститира до 25 јуни, а Владата до 10 август.
XS
SM
MD
LG