Достапни линкови

Македонија гласа - Парламентарни избори 2011


Во Република Македонија денеска се одржуваат седмите парламентарни избори. Во трката за 123 пратенички места во македонското Собрание се 1679 кандидати од 18 листи. За нив на 2.976 гласачки места можат да се определат 1.821.122 граѓани со право на глас евидентирани во Избирачкиот список. Гласањето почна во седум и ќе трае до 19 часот. Првпат, тројца пратеници во Собранието се бираат од дијаспората. Во трите изборни единици во странство - Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, се поднесени вкупно 24 кандидатски листи, за кои можеа да се изјаснат 7.258 македонски државјани, кои се пријавија за гласање во Дипломатко конзуларните претсавништва. Гласањето на дијаспората се одржа вчера, кога избирачкото право можеа да го остварат и 2.222 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, 407 внатрешно раселени лица, како и околу 11.000 болни и изнемоштени. Изборите се спроведуваат според пропорционалниот модел во шесте изборни едници на територијата на Република Македонија, а според мнозинскиот во трите изборни единици во странство. Парламентарните избори ги следат 7.851 набљудувачи акредитирани во Државната изборна комисија, од кои 7.358 домашни и 493 странски. Од странските најбројни се на ОБСЕ/ОДИХР 234, на Парламентарното собрание на ОБСЕ 47, на Амбасадата на САД 39, делегацијата на Европската комисија 20 и на Советот на Европа 16, а свои набљудувачи. Меѓу домашните набљудувачи најмногу се од Граѓанската асоцијација МОСТ 4.467. ДИК првичните резултати од изборите добиени по електроснки пат ги објавува сукцесивно по приемот на резултатите. Првичните резултати добиени врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии ги објавува 12 часа по завршувањето на гласањето.
XS
SM
MD
LG