Достапни линкови

Асанж-никој нема штета од објавувањето на документите


Основачот на Викиликс Јулијан Асанж

Основачот на Викиликс Јулијан Асанж

Основачот на Викиликс Јулијан Асанж денес изјави дека досега никој не пријавил дека со објавувањето на доверливите документи му било направено штета. Говорејќи на книжевен фестивал во Велика Британија, Асанж рече дека не постојат официјални наоди дека некој е повреден од образложенијата на Викиликс. Американските власти спроведуваат истрага дали Викиликс ги прекршил американските закони со тоа што објави илјадници тајни владини дипломатски документи и воени докумети за војните во Ирак и Авганистан. Асанж во моментов е на слобода, откако беше пуштен од затвор со кауција. Обвинет е за сексуално малтретирање на две жени.
XS
SM
MD
LG