Достапни линкови

Почина поранешниот американски државен секретар Иглбургер


Поранешниот американски државен секретар Лоренс Иглбургер почина денеска на 80 годишна возраст. Тој починал во Вирџинија по кратко боледување. Во текот на својата дипломатска кариера, Иглбургер работеше на проблемите на Блискиот Исток, на повторното обединување на Германија, и на последиците од падот на Советскиот Сојуз. Американскиот претседател Барак Обама го нарече Иглбургер човек кој го посветил својот живот на безбедноста на американскиот народ и на зајакнување на американските врски со своите сојузници и партнери.
XS
SM
MD
LG