Достапни линкови

СРД со прекршочни за прекршителите на изборниот молк


Советот за радиодифузија изрече мерки против радиодифузери кои ги прекршиле законските одредби во покривањето на предизборните активности. СРД ќе поведе прекршочни пријави против ТВ Наша, ТВ Алб и против ТВ Канал 5 поради издвоени повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања. Против ТВ Шутел поради објавување платена политичка програма во посебни информативни емисии и против ТВ Сонце поради неозначено платено политичко рекламирање. Прекршочни ќе има и за
МТВ1 и ТВ А1 . Поради други помали пропусти, Советот за радиодифузија ќе им испрати укажувања на ТВ А1, ТВ БТР, ТВ Амазон и ТВ Сонце. Советот ги повика радиодифузерите доследно да се придржуваат до законските одредби и да не го прекршуваат предизборниот молк.
XS
SM
MD
LG