Достапни линкови

Амбасадорите повикуваат на фер и демократски избори


Гласајте слободно, Македонија може и мора да организира фер и демократски избори заради евроатлантската иднина, порачаа амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Филип Рикер и Петер Соренсен, на завршувањето на кампањата за мирни избори „Каков белег ќе оставиме - фер и демократски избори 2011“.
Рикер изјави дека овие избори се важен дел од демократијата . Тие се важни за иднината на Македонија и секој граѓанин треба да мисли каков впечаток ќе остави со своето гласање. Соренсен пак изјави дека гласњето е интегрален дел од политичките критериуми кои се потребни за зачленувањето во ЕУ. Амбасадорот на Велика Британија Кристофер Ивон ја повтори паролата „еден човек-еден глас“ и рече дека граѓаните треба да веруват дека нивниот глас е индивидуален и таен.
XS
SM
MD
LG