Достапни линкови

ДИК ги повика гласачите масовно и слободно да гласаат


Претседателот на ДИК Борис Кондарко

Претседателот на ДИК Борис Кондарко

Државната изборна комисија ги повика граѓаните во што поголем број да излезат и слободно да гласаат на утрешните предвремени парламентарни избори. Воедно предупреди дека секаков вид изборна нерегуларност и прекршување на законот најостро ќе се санкционира. Од ДИК повикуваат граѓаните да го дадат својот глас за оној за кој самите ќе одлучат, да не се плашат, затоа што гласањето е тајно.
Гласачот од никого не може да биде откриен за кого гласал, ниту, пак, треба да биде прашан за кого гласал, а исто така никој не може да биде земен на одговорност за гласот што го дал, рече претседателот на ДИК Борис Кондарко.
XS
SM
MD
LG