Достапни линкови

logo-print

Британскиот шеф на дипломатија Хаг во посета на Либија


 Вилијам Хаг

Вилијам Хаг

Британскиот шеф на дипломатија Вилијам Хаг ја посети Либија денеска. Во Бенгази тој се сретна со припадници на опозицијата, за да им одаде подршка во борбите против Гадафи. Хаг во Либија допатува заедно со државниот секретар за меѓународен развој Андреј Мичел. Тие денеска ќе се сретнат со лидерите на Националниот преоден Совет. Хаг изјави дека во Либија е поради една причина а тоа е да им ја пренесе подршката на луѓето. Британскиот премиер Дејвид Камерон, претходно, го опиша Националниот Совет како легитимен политички преставник на Либија, и нивен партнер.
XS
SM
MD
LG